Свет Војната со Северна Кореја би била катастрофална, смета Матис

Војната со Северна Кореја би била катастрофална, смета Матис

Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, предупреди дека војната со Северна Кореја би била катастрофална.
Тој наведе дека односот на двете држави треба да се реши по дипломатски пат.

Матис изјави дека трудот на САД се канализира по дипломатски пат и акција и дека на тој начин се добиваат резултати.

– Трагедијата на војната на сите им е позната – рече Матис и додаде дека на војна не ѝ е потребна уште една карактеристика освен дека е катастрофална.