Македонија Во паркот „Жена-борец“ ќе никне волшебен парк

Во паркот „Жена-борец“ ќе никне волшебен парк

На плоштадот Македонија во Скопје, за прославата на Нова година, ќе настапат Есма Реџепова, Наум Петрески, Сузана Спасовска, „Куку леле“, Ерик Фокс и Симона, Даниел Кајмакоски, Дани Димитровска, а на полноќ во 12 часот ќе пее Елена Ристеска.

Од 25 до 31 декември, ќе има новогодишен волшебен парк со „распеани елки“, Дедо Мраз, детски работилници и маркет со продажни активности.

Волшебниот парк ќе биде поставен во паркот „Жена-борец“ и ќе биде отворен секој ден од 11 до 21 часот. Во него ќе биде поставена и мала сцена, на која ќе пеат детски и возрасни хорови, а ќе настапуваат и други диџеи и групи.

Освен тоа, годинава првпат ќе биде организирана и трка „Санта ран“, која ќе се одржи на 28 декември, во недела, со почеток во 12 часот. За оваа цел ќе бидат обезбедени 500 костими за дедо мраз.