Свет Европа Во Турција уапсени 544 лица поврзани со ПКК

Во Турција уапсени 544 лица поврзани со ПКК

Турската полиција уапсила 544 лица за кои се сомнева дека се поврзани со курдската Работничка партија (ПКК) во операции низ територијата на Турција.

Како што се наведува, турската влада, ЕУ и САД ја означиле ПКК како терористичка група.

Помеѓу уапсените има и постари членови на ПКК, а операцијата била изведена во 25 провинции, вклучувајќи ги и главните градови на западот на земјата – Истанбул и Измир.