Дописници Во црквата „Света Софија“ – концерт во чест на Св. Кирил и...

Во црквата „Света Софија“ – концерт во чест на Св. Кирил и Методиј

Осум млади и надежни македонски пијанисти, вечерва, во црквата „Света Софија“ во Охрид, ќе се претстават со дела на Бетовен, Шопен, Дебиси, Григ, Шуберт и Рахманинов.

Растечката генерација на македонски пијанисти, ќе настапи под уметничко раководство на проф. м-р Кристијан Каровски.

Концертот е организиран по повод чествувањето на 24 мај Денот на македонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Воведна реч ќе има проф. д-р Красимира Илиевска. Концертот ќе започне во 19:30 часот, а влезот за сите посетители ќе биде слободен.