Свет Свет Во циклонот што го зафати Фиџи загинаа 42 лица

Во циклонот што го зафати Фиџи загинаа 42 лица

Бројот на загинати во циклонот кој изминатиот викенд го погоди Фиџи е зголемен на 42.

Винстон кој е најсилен циклон забележан во јужната хемисфера, уништил голем број на домови и предизвикал тешко оштетување на инфраструктурата.

Според податоците на Метеоролошката служба, ударите на циклонот достигнале 285 километри на час, што го прави најсилно невреме забележано на Фиџи.