Во три одделни сообраќајки изминативе два дена во Полошко, повредени се четворица пешаци.
Вчера попладне на улицата Ѓоце Стојчески Амбарче во Тетово, повредено е петгодишно дете, кое ја преминувало улицата. Детето било удрено од автомобил „мерцедес“, управуван од 63-годишник од Тетово. Детето е веднаш пренесено во тетовската болница, каде по укажаната помош, пуштено е на домашно лекување
Во Гостивар синоќа повреден е 49-годишен пешак. Тој бул удрен од автомобил „голф“ на улицата Браќа Гиноски. Пешакот, жител на Гостивар, од ударот добил тешки телесни повреди, скршеници на ребрата.
Полицијата изминативе два дена регистрираше и уште една сообраќајка, во која се повредени две жени од гостиварско Зубовце. Во нив удрил автомобил „БМВ“. Незгодата се случила на крстосницата од улиците Браќа Гиноски и Мајор Чеде Филиповски во Гостивар
Во последниве две недели, во Полошко се случиле десетина сообраќајни незгоди во кои се повредени повеќе пешаци.