Дописници Во тетовската трансфузиологија недостигаат единици крв

Во тетовската трансфузиологија недостигаат единици крв

Со недостиг од крвните гупи нулта позитив и нулта негатив се соочува службата за трансфузиологија при Клиничката болница Тетово. Потреба има и за други крвни групи, поради зголемениот ризик од тешки повреди во летниот период.

– Службата се соочува со недостиг од единици крв. Затоа апелирам до сите граѓани кои имаат наполнето 18 години и не се постари од 62 години, да дојдат во службата и да даруваат крв во период од 10 до 22 часот – изјави д-р Благица Петрушевска, вработена во службата за трансфузиологија.

Потребно е збогатување на крводарителната популација со млади крводарители, апелираат трансфузиолозите. Освен хумана димензија и унапредување на сопственото здравје, крводарителите имаат и придобивки при плаќањето одредени здравствени услуги.

Освен овие, големи се и придобивките на крводарителите за нивното лично здравје, нагласуваат трансфузиолозите. Затоа е неопходно секој што е во можност да ја дарува течноста што живот значи и на тој начин да спаси нечиј човечки живот.

З.Д.