Дописници Во Тетово избрани општествено-одговорни компании

Во Тетово избрани општествено-одговорни компании

Седумнаесет компании од тетовскиот регион, од Општина Тетово добија плакети за општествена одговорност во нивното работење, во текот на 2015 година.

Изборот го направи тетовскиот Локален економски совет. Компаниите давале финансиска помош на студенти, придонеле за развој на спортот, вклучувале ученици во практика, вработувале лица со посебни потреби и спроведувале проекти за заштита на животната средина.

– Се надевам дека овој настан ќе биде поттик за другите компании од нашиот регион, во иднина да реализираат вакви општествено-одговорни активности, кои ќе бидат за доброто на сите нас – изјави Ахмед Ќазими, раководител на секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

Во изборот на општествено-одговорни компании помогнаа Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување и Агенцијата за меѓународен развој на САД.