Видео Во тек е потера по осомничените за масакрот во „Шарли ебдо“ (директно)

Во тек е потера по осомничените за масакрот во „Шарли ебдо“ (директно)

Истрели од огнено оружје се регистрирани во близина на парискиот аеродром „Шарл де Гол“ за време на автомобилската полициска потера по двајцата осомничени за масакрот во сатиричниот неделник „Шарли ебдо“.

Како што јавуваат француските медиуми, осомничените, наводно, успеале да заземат печатница, во која има повеќе луѓе. Полициските извори потврдуваат дека осомничените браќата Шериф и Саид Куаши имаат заложници, но француското министерство за внатрешни работи засега не ја потврдува веста.

Очевидци велат дека три хеликоптери надлетуваат над местото каде што се наоѓаат осомничените. Неофицијално се дознава дека две лица загинале за време на престрелката, а полицијата, наводно, веќе почнала преговори за ослободување на заложниците.