Македонија Во СВР Тетово пријавен поткуп при избори и гласање

Во СВР Тетово пријавен поткуп при избори и гласање

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 18.15 часот во полициската станица во Тетово, е пријавено кривично дело поткуп при избори и гласање. МВР информира дека од страна на СВР Тетово се работи на целосно расчистување на случајот.

Во Теарце денеска има силно полициско обезбедување, за да се овозможи непречено гласање.

Според невладината „Цивил“, вчера биле приведени две лица под сомневање дека вршеле паричен поткуп на гласачи. Од невладината информираат дека дошле до сознанија дека одредени лица поткупувале гласачи со пари. Сумите се движеле од 3.000 до 6.000 денари, за возврат им биле земани личните карти како гаранција дека овие граѓани денеска нема да излезат на гласање.