Свет Балкан Во Средоземното Море исчезнале 146 мигранти, соопшти УНХЦР

Во Средоземното Море исчезнале 146 мигранти, соопшти УНХЦР

Млади мигрант од Гамбија кој вчера бил спасен во близина на либискиот брег на Средоземно Море, изјавил дека исчезнале 145 мигранти од еден брод, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).

Шеснаесетгодишниот мигрант, кој бил спасен од екипаж на шпански воен брод кој патролирал, е префрлен на италијанскиот остров Лампедуза.

Момчето им соопштило на претставниците на УНХЦР дека на бродот имало деца и трудници, а повеќето мигранти биле од Нигерија, Гамбија и од Мали. Засега не се знае судбината на 146 миграти.