Свет Во Средоземно Море пронајдени тела на 74 мигранти

Во Средоземно Море пронајдени тела на 74 мигранти

Либиската Црвена полумесечина соопшти дека тела на 74 мигранти испливале на брегот на Средоземно Море, кај градот Зави.

Портпаролот на оваа хуманитарна организација, Мохамед ал Мисрати, рече дека телата испливале утринава и додаде дека не се познати околностите во кои луѓето настрадале.

Мигрантските несреќи на медитеранската рута меѓу Либија и Италија се на рекордно високо ниво.