Свет Балкан Во Србија уапсени 15 луѓе обвинети за кражба на идентитетот на братот...

Во Србија уапсени 15 луѓе обвинети за кражба на идентитетот на братот на премиерот

Во неколку градови во Србија, повеќе од 15 лица се приведени утринава, во рамки на истрагата за кражба на идентитетот на Андреј Вучиќ, братот на српскиот премиер Александар Вучиќ.

Станува збор за истрага на случајот во кој лична карта со податоци на Андреј Вучиќ е користена за регистрирање на фантомското претпријатие „Асомакум“.

Прашањето за работата на ова претпријатие е покренато минатата есен во парламентот на Србија, од пратеникот на НС, Зоран Живковиќ.

Премиерот Вучиќ веднаш потоа изјави дека на неговиот брат му е украден идентитетот, а министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, нагласи дека полицијата „непобитно утврдила“ дека постоело фалсификување на личната карта на Андреј Вучиќ.