Свет Европа Во сообраќајна несреќа во Шведска загинаа три деца, а 25 се повредени

Во сообраќајна несреќа во Шведска загинаа три деца, а 25 се повредени

Aвтобус кој превезувал деца во Шведска се превртел при што во несреќата загинале најмалку три деца, а 25 се повредени, пренесуваат шведските медиуми. Во автобусот се наоѓале 52 ученици и шестмина возрасни.

Несреќата се случила 430 километри северозападно од Стокхолм, а децата патувале кон скијачки центар.

Причината за несреќата сè уште не е позната, а некои медиуми пренесуваат дека автобусот излетал бидејќи патот бил замрзнат.

„Знаеме само дека излетале од патот, не знаеме ништо повеќе во овој момент“, изјавила портпаролката на полицијата, Мари Андерсон.