Македонија Во собраниска процедура влегува законот за одземање имот стекнат со корупција

Во собраниска процедура влегува законот за одземање имот стекнат со корупција

Со неговото донесување и функционирањето на Канцеларијата за поврат на имот согласно меѓународните стандарди ќе се преземат значајни активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство

Фото: Мета.мк

Министерството за правда соопшти дека во собраниска процедура влегува предлог-законот со кој се овозможува одземање имот стекнат со корупција, без да биде процедурално утврдена кривична одговорност.

„Законот за канцеларија за поврат на имот влегува во собраниска процедура. Со новиот Закон,чиј предлагач е Министерството за правда , АРО Канцеларијата ќе има надлежност да презема активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство во врска со домашен државјанин или резидент во Република Северна Македонија, лице без државјанство или странец, како и за потребите на постапката за конфискација без утврдување на кривична одговорност регулирана согласно закон, што произлегле или се во врска со кривичните дела опфатени со член 6 од овој закон“, се вели во соопштението.

Со неговото донесување и функционирањето на Канцеларијата за поврат на имот согласно меѓународните стандарди ќе се преземат значајни активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство, уверуваат од министерството.