Македонија Во Скопје одбележан Денот на пожарникарите – 20 Мај

Во Скопје одбележан Денот на пожарникарите – 20 Мај

Извор на фотографија: Град Скопје

Во кругот на Противпожарната станица во Автокоманда, денеска свечено беше одбележан Денот на пожарникарите – 20 Мај, информираат од Град Скопје.

Командантот на Противпожарната бригада, Владимир Симоновски, пред построените пожарникари му поднесе рапорд на градоначалникот Петре Шилегов.

Градоначалникот Шилегов рече дека пожарникарите отсекогаш биле и секогаш ќе останат хероите на градот, а нивната хуманост останува најголема гаранција за безбедноста и заштитата на животите на скопјани. Тој посочи дека се надминати децениските проблеми на скопските пожарникари.

Покрај тоа што им се зголемени платите и редовно им се исплаќаат сите додатоци и хранарината, бројот на пожарникари е зголемен 38 нови лица. Во изминативе две години обновени се униформите и специјалните обувки на Противпожарната бригада, а Шилегов за периодот до 10 јуни го најави пристигнувањето на противпожарната скала и на дополнителната опрема набавена со неа.