Македонија Во сите ковид центри во државава се лекуваат вкупно 1.298 пациенти

Во сите ковид центри во државава се лекуваат вкупно 1.298 пациенти

Фото: Арбнора Мемети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.298, а има колку 130 празни болнички кревети во ковид центрите. Во изминатите 24 часа во  центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство, напоменувајќи дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи.

Според извештаите од болниците на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во Штип има 56 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 42 пациенти, во Велес се лекуваат 67 болни, а во Куманово 108 пациенти. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 110 пациенти, во Прилеп 107, во ковид центарот во Гостивар 48, а во Струга 31 болен. Во болницата во Струмица лежат 89 пациенти, во Кочани 25, во Кичево 18, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

„Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, информираа од ова министерство.