Свет Во Сирија убиен портпаролот на Ал нусра

Во Сирија убиен портпаролот на Ал нусра

Портпаролот на Ал нусра, сирискиот разгранок на Ал каеда, неговиот син и уште 20 џихадисти беа убиени во воздушен напад на североистокот на Сирија.

„Абу Фирас ел Сури, неговиот син и уште најмалку 20 џихадисти беа убиени во воздушен напад во провинцијата Идлеб“, наведе Сириската опсерваторија за човекови права.

Нападот го извршиле руските или сириските сили.

Опсерваторијата наведе дека нападот се случил за време на состанокот на џихадистите во Идлеб, кој од 2015 година е во рацете на фронтот Ал нусра и на неговите сојузници.

Прекинот на огнот во Сирија со посредство на САД и на Русија стапи на сила на 26 февруари, но договорот за примирјето не се однесува на џихадистите од Исламска држава и на сирискиот разгранок на Ал каеда, фронтот Ал нусра и нивните сојузници.