Хроника Во Штип исчезнала 17-годишна девојка

Во Штип исчезнала 17-годишна девојка

Вчера во полициската станица во Штип, било пријавено исчезнување на 17-годишната Н.М. од страна на нејзиниот татко. Девојката исчезнала откако отишла да се прошета, по што не се вратила. Од МВР информираат дека преземаат мерки за да се пронајде лицето.