Главна секција Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола може да се влезе само без...

Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола може да се влезе само без мобилен телефон

Во новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ во Битола не може да се влезе и да се носи мобилен телефон. На влезната врата стои натпис во кој се замолуваат членовите мобилните телефони да ги остават на портирницата.

На прашањето дали членовите на партијата се плашат од протекување на снимки, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Валентина Марковска вели дека предупредувањето и натаму ќе стои на вратата и дека „партијата ќе функционира на тој начин“.

Минатиот месец општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола „тајно“ се всели во новите простории во центарот на Битола. Тогаш Марковска на новинарите им вети дека ќе им достави информација за тоа колку владејачката партија потрошила за новото партиско седиште. Сепак до ден денеска нема одговор за сумата која партијата ја платила за новиот комитет.

– Немам се уште информација колку пари чинат новите простории. Не можам ништо да кажам – ни изјави Марковска.