Свет Во Шпанија уапсени осум лица поврзани со нападот во Брисел

Во Шпанија уапсени осум лица поврзани со нападот во Брисел

Шпанската полиција уапсила осум лица осомничени за поврзаност со минатогодишниот терористичкиот напад во Брисел, во кој загинаа 35 лица.

Во полициското соопштение се наведува дека операцијата е извршена во повеќе градови во провинцијата Каталонија и дека апсењето следело по осуммесечна истрага, која е спроведена во соработка со белгиската полиција. Некои од уапсените се поврзани со џихадистички организации, како и со организиран криминал.

Полицијата соопшти дека уапсените се државјани на Мароко, на возраст меѓу 21 и 39 години.