Свет Во Северна Кореја и жени ќе одат во војска

Во Северна Кореја и жени ќе одат во војска

Задолжително служење воен рок за жени воведе Северна Кореја.

Според одлуката, ќе се регрутираат девојки од 17 до 20 години.

Според наводите, веќе се извршени прелиминарни прегледи на девојките за воената обука која ќе почне во април.

Минималната висина за жените-војници во севернокорејската војска е намалена на 142 сантиметри, но како што наведува изворот, стандардот не е стриктно испочитуван.