Свет Во серија експлозии во Ирак, 20 лица загинаа

Во серија експлозии во Ирак, 20 лица загинаа

Повеќе од 20 лица денеска загинаа во серијата самоубиствени бомбашки напади врз припадниците на шиитската милиција и вооружените сили, соопштија претставници на безбедносните служби на Ирак.

Милитантната организација Исламска држава, која контролира територии на северот и на западот на Ирак, ја презеде одговорноста за нападите во соопштение кое го пренесе агенцијата „Амак“.
Во нападите се ранети повеќе од 60 лица.