Дописници Во седиштето на ДУИ најверојатно ќе се заседава долго во ноќта

Во седиштето на ДУИ најверојатно ќе се заседава долго во ноќта

Не може да се прогнозира до кога ќе трае седницата на централното претседателство на ДУИ во партиското седиште во Мала Речица, им беше соопштено на новинарите пред малку.

Пред почетокот на седницата, попладнево претседателот на партијата, Али Ахмети, изјави дека лидерството на ДУИ денеска ќе разговара за формирањето на владата и за уставните можности за конституирање на парламентот.

– На седницата ќе се зборува за актуелната политичка состојба, за надминување на политичката криза и за формирање на државните институции, зашто ескалацијата на состојбите не оди во прилог никому. Ќе се разговара и за понатамошните чекори на ДУИ околу формирањето на владата и за уставните можности за конституирање на парламентот – рече Ахмети.

Од партијата кусо соопштија дека кога седницата ќе има исход, ќе биде испратено соопштение за јавноста.