Свет Балкан Во Сараево се преземаат засилени безбедносни мерки

Во Сараево се преземаат засилени безбедносни мерки

По вчерашниот напад на полициската станица во Сараево, денеска се преземаат засилени безбедносни мерки за заштита.

Првата бомба, која вчера беше фрлена, не експлодира, но втората, фрлена 15 минути подоцна, експлодира и предизвика хаос. За среќа, нема повредени во експлозијата.

– Формирани се мешовити тимови на полицијата и трагаме по терористите  – изјави полицискиот комесар Семир Шут.