Македонија Во сабота и недела ќе се прска против комарци во Скопје од...

Во сабота и недела ќе се прска против комарци во Скопје од авион, наредната недела ќе се прска од земја

Фото: Град Скопје

Градот Скопје информира дека на 22 мај (сабота) и 23 мај (недела) ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на град Скопје против возрасни форми на комарци. Прскањето од авион ќе се одвива во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција, односно прскањето против возрасни форми на комарци од земја, ќе се одвива во периодот од 24 мај (понеделник) до 28 мај (петок), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.

„Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат градските власти.