fbpx
Таг: авионско прскање

таг: авионско прскање

Вистиномер: Видео покажува траги од кондензација од авиони, а не прскање со отрови и коронавирус

Оваа објава на Фејсбук е уште една во низата теории на заговор за кемтрејлс, според кои вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“. Но, не постои никакво труење  и распрскување отрови од авиони, ниту пак, тие нè заразуваат со коронавирусот. Сосема е неверојатно намерно...

Вистиномер: Јавноста верува во теории на заговор затоа што нема доверба во институциите

На социјалните мрежи „врие“ од дезинформации и теории на заговор кои потоа вирално се шират. Кемтрејлс, чипови во вакцини и ПЦР тестови, „демонот“ Бил Гејтс, 5Г, се само дел од наративот на засилената антиваксерска кампања која на социјалните мрежи предизвикува сè поголемо внимание и заинтересираност.  Според анализата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ и Претседателскиот центар за политичко образование,...

Вистиномер: Авионите не предизвикуваат ковид-19 и не нè прскаат со хемикалии

Не е првпат да се манипулира со позната теорија на заговор наречена „Кемтрејл“, според која од небо „нè прскаат со хемикалии“, па во тој дух се тврди дека белата трага што ја создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“. Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Белата патека што...

Викендов и наредната седмица ќе се прска против комарци

Град Скопје ги информира граѓаните дека на 14.08.2021 година (сабота) и 15.08.2021 година (недела), во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска дезинсекција против комарци. Терестричната дезинсекција против комарци, пак, ќе се одвива од 16.08.2021 година (понеделник) до 20.08.2021 година (петок), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден. Доколку временските услови не дозволуваат да...

Град Скопје: На 20 и 21 јуни ќе се прска против комарци од авион, наредната недела прскање од земја

На 20 јуни (недела) и 21 јуни (понеделник), во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, информираат градските власти. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се врши во истиот термин, првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови“, информираат од Град Скопје. Воедно, тие...

Во сабота и недела ќе се прска против комарци во Скопје од авион, наредната недела ќе се прска од земја

Градот Скопје информира дека на 22 мај (сабота) и 23 мај (недела) ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на град Скопје против возрасни форми на комарци. Прскањето од авион ќе се одвива во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција, односно прскањето против возрасни форми на комарци од земја, ќе се одвива во периодот од 24 мај (понеделник) до 28 мај...

Четврто прскање против комарци од среда во Скопје

Град Скопје информира дека четвртата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција (прскање) против возрасни форми на комарци ќе почне в среда. Прскањето од авион ќе се врши в среда и в четврток во, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција, односно прскањето од земја ќе почне в недела и ќе заврши следната среда. Ќе се врши во периодите од 23 часот...

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Градот Скопје соопшти дека третата фаза прскање против ларви од комарци од авион и од земја ќе се изврши утре, 31 август, додека четвртата фаза од прскањето од земја против возрасни форми на комарци ќе почне в понеделник, а ќе заврши најдоцна в петок. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионското прскање ќе се изврши првиот нареден...

Шилегов: Проблемот со комарците е поради лошото време, но интензивно реагиравме

Неповолното време го создаде проблемот со комарците, но интензивно реагиравме, порача скопскиот градоначалник Петре Шилегов, уверувајќи дека средството кое се користи при прскањето на комарците во главниот град не влијае на здравјето на луѓето. – Препаратот кој го користевме годинава не влијае врз општото здравје на луѓето и малку или минимално влијае на остатокот од живиот свет. Исклучиво ги третира...

Прскање против комарци во Скопје в сабота и в понеделник

Град Скопје соопшти дека в сабота во раните утрински часови на подрачјето на Скопје, ќе се врши авионско прскање против ларви од комарци. В понеделник пак, во текот на денот ќе се врши прскање од земја. Доколку условите не дозволуваат прскање в сабота и в понеделник, тоа ќе се изврши во првиот погоден ден, во истите термини. Од Град Скопје ги предупредуваат...

Авионски ќе се прска против комарци во Скопје утре и задутре

Град Скопје извести дека утре и в сабота во раните утрински часови на територијата на Скопје ќе се врши авионско прскање против комарци. Доколку не дозволуваат временските услови, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни. Пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, предупредува градската управа на Скопје.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...