Свет Европа Во рациите во Брисел се уапсени 16 лица

Во рациите во Брисел се уапсени 16 лица

Серијата рации во Брисел е завршена доцна синоќа, неколку часа откако владата одлучи да го задржи највисокото ниво на готовност поради терористички закани, соопшти претставник на владата.

Белгиската полиција потврди дека 16 лица се уапсени, но учесникот во нападите во Париз, Салах Абдеслам, не е меѓу нив. Не е пронајдено оружје, ниту експлозив, а истрелани се два куршуми на возило во Моленбик. Автомобилот подоцна е пронајден, заедно со ранетиот возач, кој е уапсен.

Во полициската акација извршени се 19 претреси во Брисел и три во Шарлерој, соопшти главниот обвинител, Ерик ван дер Супт.