Економија Во првите шест месеци бројот на туристи е зголемен за 16,4 проценти

Во првите шест месеци бројот на туристи е зголемен за 16,4 проценти

Во првите шест месеци бројот на туристи е зголемен за 16,4 проценти во однос на истиот период лани и тоа кај домашните туристи има зголемување за 9,3 проценти, а кај странските има зголемување за 19,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 16 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 6,6 проценти, а кај странските има зголемување за 21,9 проценти.

Во јуни годинава Македонија ја посетиле 102.327 туристи кои оствариле 243.175 ноќевања што е за 20,7 отсто повеќе туристи во споредба со истиот месец лани и за 23,4 отсто повеќе ноќевања.