Економија Во првите седум месеци бројот на туристите зголемен за 8,5 проценти во...

Во првите седум месеци бројот на туристите зголемен за 8,5 проценти во однос на лани

Бројот на туристите во првите седум месеци е зголемен за 8,5 проценти во однос на истиот период лани и тоа кај домашните туристи има зголемување за 8,6 проценти, а кај странските за 8,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Во првите седум месеци од годината, во однос на истиот период лани, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,3 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 5,2 проценти, а кај странските има зголемување за 5,4 проценти.

Бројот на туристите во јули изнесува 129.656, а на ноќевањата изнесува 526.693. Бројот на туристите во јули во однос на истиот месец лани е зголемен за 8,3 проценти, а бројот на ноќевањата е зголемен за 1,2 отсто.

Бројот на домашните туристи во истиот период е зголемен за 5,9 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 10,7 проценти.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули, во однос на јули 2015 година, е намален за 0,4 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5,5 отсто.