Свет Балкан Во пожарот во Грција загинаа 81 лице, бројот на исчезнати непознат

Во пожарот во Грција загинаа 81 лице, бројот на исчезнати непознат

Во катастрофалниот пожар што ја зафати областа Атика кај Атина, до сега загинаа најмалку 81 лице, а бројот на исчезнати се уште е непознат.

Опожарените населби ги посети министерот за одбрана Панос Каменос, кој го пречекале гневни граѓани.

Две девојчиња низ плач и со гнев му раскажале како го преживеале пожарот и што се случувало, пливале четири часа за да се спасат.

„Човечката болка не се заменува. Не можам да ги вратам децата назад. Ја гледам ќерка ми и го гледам  деветгодишното девојче што го бараме и се чувствувам како да е мое дете“ рекол Каменос.

Тој дополнил дека армијата се обидува да помогне, колку е можно повеќе.