Свет Во пожарите што го зафатија Чиле загинаа 11 лица

Во пожарите што го зафатија Чиле загинаа 11 лица

Во пожарите што веќе неколку недели беснеат во централниот и во јужниот дел на Чиле, загинаа 11 лица и уништени се повеќе од 1.000 станови и куќи, јавуваат светските медиуми.

Повеќе од 20.000 војници и пожарникари од други земји учествуваат во гаснењето, а во борбата со огнената стихија вклучени се и државни службеници, вработени во приватни компании, како и неколку стотици странци.

Во гаснењето на пожарите учествуваат и 42 летала на чилеанските служби, како и авиони од САД, Русија и од Бразил.