Видео Во пожар во Париз загинаа 10 лица, а над 30 се повредени

Во пожар во Париз загинаа 10 лица, а над 30 се повредени

Во пожар во зграда во југозападен Париз, близу Булоњската шума, за кој обвинителството се сомнева дека е подметнат, загинаа 10 лица, меѓу кои  едно бебе, а над 30 се повредени  – шестмина од нив се пожарникари.

Над 50 луѓе биле евакуирани од пожарникарите од осумкатницата во 16-от арондисман на францускиот главен град.

Јавниот обвинител на Париз изјави дека пожарот е веројатно подметнат, а засега осомничена е една жена.

Пожарот избил околу 1 часот ноќеска на вториот кат на зградата на улицата Ерланже, во близина на фудбалскиот стадион „Парк де принсе“, а набргу голем број станари од зградата изградена во 1970-те години спас барале на покривите на соседните згради. Некои се префрлале од балкон на балкон.

Околу 250 пожарникари повеќе од пет часа го гаснеле пожарот. Можно е да има уште загинати, бидејќи пребарувањето на становите сè уште не е завршено.