Во пожар што изби во текот на ноќта во една станбена зграда во јужниот дел на Пекинг, 19 лица загинаа, а осум се повредени, соопштија кинеските власти.
Пожарот избил во квартот Дасинг и засега не се знае причината.
Агенцијата „Синхуа“ објави дека полицијата привела неколку осомничени.
Локалните медиуми пренесуваат дека 14 пожарникарски екипи го гаселе пожарот во текот на ноќта и дека тој е сега целосно изгаснат.