Свет Свет Во пожар во фабрика на Филипини, загинаа 72 лица

Во пожар во фабрика на Филипини, загинаа 72 лица

Во пожар кој изби во фабрика за производство на гумени папучи, близу Манила, загинале 72 лица, а таа бројка може да биде и поголема бидејќи во моментот на пожарот во фабриката се наоѓале 200 лица.

Податоците ги соопшти градоначалникот Рекс Гатчалиан по пат на СМС-пораки, а неговиот портпарол додава дека сè уште е нејасно што се случило со другите, пренесуваат странските агенции.