Македонија Во пораст родово базираното насилство во кибер-просторот

Во пораст родово базираното насилство во кибер-просторот

Фото: Хелсиншки комитет за човекови права

Според истражувањето на Хелсиншкиот комитет во кое биле опфатени 300 испитаници во три градови, дури 78 отсто биле жртви на кибер насилство. Родово базираното насилство во кибер просторот врз жените и девојките е во пораст, а тоа го покажуваат истражувањата што се прават и кај нас и во светски рамки. Има ситуации кога ваквите случаи завршуваат со самоубиство, поради фактот дека жртвите на ова насилство каде без согласност се споделуваат слики, содржини и лични податоци се чувствуваат немоќни да го спречат истото.

„Од тие 300 испитаници, дури 11 кажаа дека размислувале за самоубиство. Имаме мала правна регулација во однос на тоа дека интернет насилството спаѓа во психичко насилство и тоа е како поимник во кривичното право. Сексуалното насилство е опфатено во законот за родово базирано насилство и домашно насилство“, вели Славица Анастасовска Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Според неа, загрижува фактот дека постојат нетранспарентни компании и мобилни оператори за кои не се знае колку време и каде ги чуваат податоците.

Елена Петровска од Коалиција Маргини посочи дека сѐ почестото обзнанување на случаи со жртви на различен вид онлајн насилство покажува дека интернет просторот, наместо демократска средина која овозможува развој, се претворил во простор каде се крши автономијата на жените и резултира со самоцензура.