Свет Европа Во поплава во Италија најмалку петмина загинати

Во поплава во Италија најмалку петмина загинати

Најмалку пет лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати во бурата што денеска ја погоди Италија, а меѓу најпогодените се провинцијата Тоскана и градот Ливорно.

Четири лица од исто семејство се пронајдени мртви во поплавена куќа во Ливорно, каде за четири часа падна обилен дожд, претворајќи ги улиците во реки, кои носеа сè пред себе.

Италијански медиуми јавуваат дека загинале девојче, нејзините родители и нејзиниот дедо.

Петтото тело е пронајдено на подрачје разурнато од свлечиште, додека три лица се водат како исчезнати, соопштија пожарникарите.