Хроника Во полициска акција уапсени шест лица

Во полициска акција уапсени шест лица

Шест лица, осомничени за незаконска експлоатација на шуми, утрово биле приведени во полициска акција, пренесуваат медиумите.

Според првичните информации, станува збор за продолжение на акцијата под кодно име „Гора“, насочена против овој вид криминал.

Од полицијата ја потврдиле информацијата и повеќе детали најавиле во текот на на денот.

Како што јавува телевизијата „Алфа“, повикувајќи се на извори од истрагата, осомничените регистрирале приватна фирма и ваделе дозволи за сеча на шуми на приватни поседи каде воопшто немало шуми, на тој начин оштетувајќи ја државата за неколку милиони денари.