Македонија Во петок, четврти саем за вработување во Охрид

Во петок, четврти саем за вработување во Охрид

Саем за вработување

Во петок, 14 ноември, во салата „Билјанини извори“ во Охрид, ќе биде одржан четвртиот Саем за вработување. Тој е дел од серијата саеми во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија, кои имаат цел да ги приближат понудата и побарувачката на труд, како и да овозможат увид во слободните работни места за тие што се активни баратели на работа.

Официјалното отворање на саемот е закажано за 11 часот.

На саемот ќе се обрати директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски.