Свет Во Перу ќе се сечат 23.000 хектари шума за плантажи за палми

Во Перу ќе се сечат 23.000 хектари шума за плантажи за палми

23.000 хектари тропска шума на север во Амазонија, имаат намера да исечат компании за производство на палмино масло во Перу за да напават на тоа место плантажи за одгледување палми.

Според невладини организации, Владата на Перу неодамна донела одлука прво да се почне со сеча на 9.300 хектари прашума, објави „Гардијан“.

Компаниите што се вклучени во проектот се „Исландија енерџи“, „Палмас дел Амазона“ и „Палмас дес Еспино“.