Свет Европа Во Париз уапсени четири лица под сомнеж дека планирале напад

Во Париз уапсени четири лица под сомнеж дека планирале напад

Француската противтерористичка организација уапсила четворица радикални исламисти поради сомневање дека планирале нов напад во центарот на Париз, пренесуваат француските медиуми.

Тројца мажи и една жена се уапсени во раните утрински часови во Париз во приградското место Сен Дени на Сена.

Полицијата имала досиеја за сите четворица и индиции за нивна поврзаност со радикален ислам.

За време на апсењето, запленети се неупотребен шаржер за автоматска пушка и компјутерска опрема.