Свет Европа Во Париз пронајден појас со експлозив

Во Париз пронајден појас со експлозив

Француската полиција во предградие на Париз пронашла појас, кој најверојатно е со експлозив и без детонатор.

Полицијата го анализира појасот за да утврди дали бил користен во нападите во Париз.

Појасот го пронашол уличен чистач во канта за отпадоци, во предградието Мунруж, 10 дена по нападите во Париз во кои беа убиени 130 лица.

Се верува дека Салах Абдеслам, главниот осомничен за нападите, кој моментално е во бегство, ноќта кога беа изведени нападите се наоѓал во предградието Мунруж.