Свет Во Пакистан убиени пет војници

Во Пакистан убиени пет војници

Пет пакистански војници денеска загинаа во експлозија на бомба покрај нивното возило, во провинцијата Балучистан, соопштија претставниците.

Ова е најнов напад во серијата инциденти во провинцијата, која е дел од планираниот пакистанско-кинески економски коридор, вреден 46 милијарди долари.

Бомбата била поставена во округот познат по вадење јаглен, 50 километри источно од Квета, главен град на провинцијата.

Експлозивната направа е активирана со далечински управувач, во моментот кога минувала патролата на граничната служба.

Ранети се двајца војници. Засега никоја не је презел одговорноста за нападот.