Македонија Во Општина Штип утре прскање од земја против комарци

Во Општина Штип утре прскање од земја против комарци

Општина Штип соопшти дека утре на територијата на општината ќе се изврши прскање од земја против комарци.

Зафатот ќе се врши од 9 до 14 часот, а средството против ларви од комарци ќе се распркува секаде каде што има застојани води на територијата на градот и на други локации на територијата на општината.

Во случај на ветер или дожд, дезинсекцијата ќе се изврши во првиот следен ден во кој ќе има поволни услови за тоа.