Подглавна секција Во нов руски напад загина десетгодишно момче, a 20 луѓе се повредени

Во нов руски напад загина десетгодишно момче, a 20 луѓе се повредени

Нападот се случил утрово во густо населеното централно подрачје на градот. Спасувачите го пронашле телото на момчето под урнатините

Извор на фотографија: Укринформ, архива

Десетгодишно момче е убиено, а повеќе од 20 луѓе се ранети по руски ракетен напад врз станбен блок во центарот на Харков, соопштија украинските власти, а пренесе Гардијан. Нападот се случил во густо населеното централно подрачје на градот, во 6.46 часот утринава. Спасувачите го пронашле телото на момчето под урнатини. Два проектили „Искандер“ погодија станбена зграда, а овој чин претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го нарече „уште еден чин на руски терор“.

На оваа трагедија ѝ претходи нападот на малото село Хроза во Харковската област, во кој загинаа 52 лица. Стануваше збор за напад во кој имаше најголем број загинати лица во североисточниот регион, а беше и еден од најголемите напади во земјата од почетокот на руската инвазија минатата година.

Белата куќа го осуди нападот како „ужасен“, а со сличен коментар излезе и британскиот премиер.

Пред да порасне бројот на жртви, прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече: „Ајде да застанеме и да размислиме за она што го гледаме: 49 невини луѓе кои беа убиени од руски воздушен напад додека купуваа храна во супермаркет. Тоа е она што тие го прават“.