Свет Европа Во Ница пронајден уште еден камион со експлозив

Во Ница пронајден уште еден камион со експлозив

Француските специјални сили на автопат во близина на Ница пронашле уште еден камион полн со експлозив, јавуваат локалните медиуми.

Специјалците го деактивирале експлозивот, а поради тоа евакуирани се две станбени згради.

Како што јавуваат светските медиуми, камионот бил паркиран неколку стотини метри од стан кој бил мета на рација, по терористичкиот напад кој се случи во четвртокот вечерта, во кој загинаа 84 лица.