Свет Во несреќа на градилиште во Кина загинаа 18 лица

Во несреќа на градилиште во Кина загинаа 18 лица

Најмалку 18 лица загинаа, а уште 18 се повредени откако во еден град на југот на Кина, поради силниот ветер, се урнал кран, соопштија денеска локалните власти.

Кранот тежок 80 тона се урнал вчераутро, директно на двокатницата во градот Донгуан, а четворица од повредените се наоѓаат во тешка состојба.

Во моментот на несреќата, во зградата се наоѓале 139 лица, од кои 88 успеале да се спасат, соопшти претставник на локалната власт.

Локалните власти почнаа истрага за причините за несреќата, а компанијата обезбедила три милиони долари за отстранување на штетата.