Свет Во напад во Јемен, загинаа 20 цивили

Во напад во Јемен, загинаа 20 цивили

Во денешниот напад на шиитските бунтовници врз станбен дел во јеменскиот град Аден, загинаа најмалку 20 цивили, а 41 лице се повредени.

Петнаесет ракети од типот „катјуша“ биле истрелани рано изутринава во овој кварт од градот, каде прво била нападната една фреквентна улица.

Аден е центар на жестоки борби меѓу шиитските бунтовници и провладините сили.