Свет Во напад на екстремисти загинаа 50 војници на АУ

Во напад на екстремисти загинаа 50 војници на АУ

Најмалку 50 припадници на силите на Африканска Унија (АУ) и на Сомалија загинаа, додека неколку се водат за исчезнати откако припадници на екстремистичката сомалиска група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, зазедоа воен камп на југот на Сомалија, соопштија денеска западните претставници.

Нападот на припадниците на Ал Шабаб на областа Џанале, околу 80 километри југозападно од Могадишу, е одмазда за убивањето на седум цивили, извршено од војниците на Уганда на свадба во градот Мека во јули.

Кампот кој бил мета на напад е раководен од војници од Уганда. Ал Шабаб често изведува бомбашки и вооружени напади во обид да се урне сомалиската влада која има поддршка од Западот и која ја штитат околу 22.000 припадници на АМИСОМ од Бурунди, Џибути, Етиопија, Кенија и од Уганда.