Свет Во Мека починале 31 странски аџии

Во Мека починале 31 странски аџии

Најмалку 31 аџии синоќа починаа на аџилак во Саудиска Арабија, јавува државната Саудиска новинска агенција (СПА).

Според извештаите сите починати се странски државјани, но засега не се открива причината за нивната смрт.

Аџилакот е една од основните религиозни обврски на муслиманите, а оваа година во Мека и Медина се очекува да пристигнат повеќе од два милиони верници.

До сега во Саудиска Арабија пристигнале најмалку 620.000 верници.